Во Вторник, на 21-ви Мај 2019 година, со почеток во 13:00 часот во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи предавање на тема „Малигниот меланом на кожата – откривање, превенција и третман“.

Предавањето ќе го одржи асистент д-р Зорица Зафировиќ, специјалист дерматолог од Универзитетската Клиника за дерматологија – Скопје.

Предавањето е дел од кампањата за подигање на јавната свест за малигниот меланом на кожата од кој се засегнати младите лица, лицата што се занимаваат со земјоделство.

Предавањето го организира Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, Министерството на здравство на Република Северна Македонија, Еуромеланома и Универзитетската Клиника за дерматологија во соработка со Општина Кочани.

Предавањето е од отворен тип и на него се поканети сите заинтересирани граѓани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари