Се известуваат сите дечиња и родители дека наредниот викенд на 18 и 19.05.2019 год. (Сабота и Недела) ќе се одржи „Завршниот регионален турнир во детската лига“. „Завршниот турнир“ ќе се игра во два дена и тоа на 18.05.2019 год. Сабота со почеток од 09:00 часот на теренот во с.Горни Подлог за генерациите 2006/2007 и 2010/2011 каде домаќин ќе биде екипата на ФК „Фудбал Старс“ и наредниот ден 19.05.2019 год. Недела со почеток од 09:00 часот на теренот во Македонска Каменица за генерациите 2008/2009 каде домакин ќе биде екипата на ФК „Каменица Саса“.

Во генерациите 2008/09 и 2010/11 имаат право сите екипи да се пријават на завршниот турнир додека во генерацијата 2006/07 право за завршен турнир изборија следниве екипи:
1. ФК „Фудбал Старс“ –  Кочани
2. ФК „Русиново“ –  Русиново
3. ФК „Каменица Саса“ – М.Каменица
4. ФК „Слога1934“ – Виница.

Новина оваа година е тоа што и второпласираната екипа оди на Завршниот турнир во Скопје.

Апелираме до сите родители и дечиња да дојдат во што поголем број и ги проследат сите натпревари на „Завршниот турнир“ со што ќе им се даде подршка на овие надежни фудбалери.

Се гледаме на фудбалските трени

Детска лига – Источен регион

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари