По денешната одржана лицитација екипата на „Баскет Дино“ од Кочани успеа да ја добие организацијата на годинешниот „Фајнал Фор У-14“ кој се одржува трета година по ред.

Пласман во доигрувањето освен домаќинот „Баскет Дино“ годинава обезбедија и „Работнички“ (Скопје), „Вардар“ (Скопје) и „МВП“  (Струмица)

Натпреварите на четирите најдобро пласирани екипи ќе се играат во два дена, во Сабота се полуфиналните натпревари, а во Недела натпреварот за трето место и големото Финале.

Сабота (18 Мај 2019 година) – полуфинале:

16:00  „Работнички“ – „Вардар“

18:00  „Баскет Дино“ – „МВП“

Недела (19 Мај 2019 година):

14:00  за трето место

16:00  Ф и н а л е

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари