Од 20 до 22 мај, на подрачјето на Кочани ќе се спроведе превентивно ларвицидно и терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци.

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени 306 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи ларвицидното средство метопрен и препратот аква к-отрин, со активната супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари