Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Виница се сретна со раководството на Полициската станица од општа надлежност Виница во целосно санираниот објект на оваа полициска организациона единица при СВР Штип, а воедно имаше и работна средба со виничкиот градоначалник Ивица Димитров како и со претставници на општинскиот совет и на локаниот советот за превенција .

„Директната, непосредна комуникација и увид во работењето на сите организациони единици при МВР е важна и неопходна практика што и денеска ја остваруваме во Виница, каде што заедно со раководството на оваа полициска станица од општа надлежност при СВР Штип разговаравме за важни прашања од нејзиното секојдневно функционирање. Почнувајќи од актуелните безбедносни состојби кои што заеднички ги оценивме како стабилни и мирни, па се до приоритетите на кои што ќе треба да се посветиме во наредниот период“ -рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

Истовремено, посетата ја искористивме да се запознаеме со условите за работа на полициските службеници, особено сега кога еве како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација на објектот на полициската станица, зафат вреден околу 2.200.000,00 денари, пари обезбедени од наши средства од буџетот на Министерството.

„Јас многу пати сум кажал и постојано тоа ќе го повторувам: дека не можеме да претендираме на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, односно полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови. Токму заради тоа ги правиме сите овие активности, што продолжуваат и во текот на оваа година, а се со цел да воспоставиме нови, квалитетни материјално-технички критериуми како основа во функционирањето на полицијата“.

На крајот од својата изјава министерот Спасовски посочи дека на средбата со претставниците на локалната самоуправа на чело со градоначалникот г-динот Димитров, како и со претставниците на локалниот совет за превенција, било разговарано за она што е примарен граѓански интерес и очекување од полицијата, како и за начините како да се подигне на повисоко рамниште таа меѓусебна соработка и комуникација а првенствено – во интерес на граѓаните од оваа општина.

42

43

44

45

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари