Мора да ја зајакнеме довербата и комуникацијата меѓу граѓаните, полицијата и општините, бидејќи само така може да се подобри безбедноста на ниво на општина, но и во државата. Ова беше апелот кој денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го упати до членовите на Локалниот Совет за превенција, но и до претставниците од локалната законодавна власт .

Превенцијата и безбедноста во локални рамки беше темата за која се дискутираше на првата официјална работна средба на министерот Спасовски со градоначалникот Димитров.

Средбата во кабинетот беше можност градоначалникот Димитров да го информира министерот околу актуелните проблеми и решенија во безбедноста и сообраќајот кои општината ги презема, но се разговараше и за работата на Советот за превенција. Тука се начнаа повеќе прашања, кои како иницијативи произлегуваат од страна на МВР, но и од страна на општинскиот Совет. Враќање на т.н. маалски полицајци, активирање на мобилните тимови по населените места и отварање на општински контакт центар за превенција за кој веќе има изготвено проект во општината, се идеите на кои се работи, и кои во некои општини стануваат пракса.

Министерот Спасовски даде отворена подршка од страна на неговиот тим за сите позначајни иницијативи кои на хартија ќе ги стави Советот за превенција, а се со цел да се поттикнува и развива сообраќајната култура, а децата од мали нозе да се учат како да се однесуваат во сообраќајот.

Во рамките на оваа прва официјална посета, градоначалникот Димитров им врачи копии од теракотните икони на министерот Спасовски и заменик министерот Агим Нухиу.

42

43

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари