Согласно новиот Правилник на „Дан Комисијата“ и согласно Законот за спорт на Република Северна Македонија а се со цел за поголема популаризација во Кочани и Источниот регион на џудото како олимписки спорт, денес во Спортската сала „Синиша Стоилов“ во Зрновци се одржа полагање за ученички жолт и зелен појас.

Повеќе од триесеттина членови на Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани кој воедно беше и технички организатор на полагањето се здобија со ученички појаси.

Полагањето се одвиваше пред три члена клубска комисија како и пред член на Дан комисијата на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија кој беше задолжен за регуларноста околу полагањето.

С. Ивановски

60346676_858146541212376_4169197858865545216_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари