Во прекрасен амбиент, пред полни трибини, денес во Кочани во „Спортската сала“ започна „Фајнал фор“ завршниот турнир за кошаркара У-14.

Посебен белег на првиот ден од турнирот даде вториот полуфинален натпревар „Баскет Дино“ – „МВП“ (Струмица) во кој победникот беше решен во последните пет минути од натпреварот.

Домаќините, воедно и организаторот на турнирот „Баскет Дино“ лошо започнаа. Иако бодрени од околу петстотини навивачи тие првата четвртина ја одиграа во грч, грешеа во додавањата и беа крајно непрецизни во завршницата од акциите што го искористија одлично подготвените гостински кошаркари и првиот квартал го решија во своја полза  24:21. Во втората четвртина домаќините на моменти го покажаа вистинското лице, заиграа одлично и почнаа да го полнат кошот на гостите за да во 16-тата минута дојдат во водство од осум поени разлика. Но упорните кошаркари на „МВП“ не се предаваа, со трпелива и ефикасна игра предводени од одличните Алексиќ и Мирчовски сепак на полувреме заминаа со шест кошеви позитива (50:56).

Во второто полувреме домаќините ги средија редовите почнаа да играат трпеливо во нападот и цврсто во одбраната што резултираше со завршница на третата четвртина со само поен разлика за гостите.

Последната четвртина беше навистина за кошаркарските гурмани. Носени од публиката младите играчи на „Баскет Дино“ се растрчаа по теренот помалку грешеа а повеќе погодуваа па на четири минути до крајот на натпреварот дојдоа до десет поени позитива (88:78). И кога сите се понадеваа дека вториот финалист е познат упорните струмичани успеаја да намалат на три поени но немаа доволно ни време ни шанса за нешто повеќе. Конечните 94:91 во корист на „Баскет Дино“ доволно зборуваат за неизвесниот и ефикасен натпревар во кој беа постигнати вкупно 23 удари за три поени (11 кај домаќините и 12 кај гостите).

Инаку увертира на овој возбудлив натпревар беше првото полуфинале во кое екипата на „Работнички“ од Скопје без поголеми проблеми го совлада „Вардар“ (Скопје) 92:69.

Учесниците на турнирот ги поздрави Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кој воедно истиот го прогласи за отворен.

„Баскет Дино“ – Беличев, Илиев, Коцев 18, Романов, Ѕмбов 17, Ивановски 19, Димитриев 13, Соколов, Митев, Василков, Лазарев 27.

„МВП“ – Манчев 3, Алексиќ 31, Николов, Мирчовски 25, Петков, Зимбаков 15, Дуќиќ, Дончевски 17, Јоциќ, Крсмановиќ.

Денес (Недела), 14:00 часот борба за 3-тото место, 16:00 часот – финале.

С. Ивановски

DSCN2734

DSCN2756

DSCN2739

DSCN2780

DSCN2771

DSCN2795

DSCN2775

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари