Кочанските активисти од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“ во рамките на кампањата „Заедно против трговијата со луѓе“ организираа изложба на творби на учениците од основните и средните училишта на тема трговија со луѓе.

„Отворена порта“ работи на поддршка и заштита на жртвите на трговија со луѓе. Истовремено, голем дел од нашите активности ги посветуваме и на превенцијата како еден од предусловите како младите да се заштитат од трговијата со луѓе. Целта на тимот од Кочани, како еден од единаесетте од нашата држава, беше преку литературни и ликовни творби младите да се запознаат со трговијата со луѓе, но и многу повеќе да прочитаат како да се заштитат“ рече Стојна Атанасовска Демишковска, претставник на „Отворена порта“.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, кој го истакна задоволството што присуствува на настан што го организираат млади од Кочани.

„Трговијата со луѓе е актуелен проблем и добро е што во нашата општина немаме регистрирано таков случај, но опасности и ризици постојат секогаш. Јавното зборување и подигнувањето на свеста на младите за овој проблем е првиот чекор од заштита. Ја поздравуваме иницијативата на „Отворена порта“ и вклучувањето на младите во оваа кампања и очекуваме таквите иницијативи да се омасовуваат“ истакна Илијев.

Организаторите на изложбата, младинскиот тим од Кочани им додели награди на најуспешните ликовни и литературни творби.

DSC_0031 (Copy)

DSC_0017 (Copy)

DSC_0011 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари