Почитувани матуранти,

Деновиве, вие, учениците од четврта година од двете средни училишта во Кочани, заокружувате еден циклус од своето образование, чија круна е матурирањето.

Овој чин, ве внесува во светот на зрелоста, во светот на возрасните и уште повеќе ја истакнува вашата лична и општествена одговорност. Овој чин ве носи на крстопат, кон нови животни патеки и предизвици.

Почитувајќи ја вашата младост, креативност, инвентивност и способност да напредувате, ви посакувам, лесен чекор во зрелоста, совладување на сите тешкотии и предизвици. Посакувам во животот да градите мостови на пријателство, соработка и разбирање! Верувам во вас и ве гледам како креатори на нови успеси и достигнувања.

Матурските прослави поминете си ги во радост и пријатно расположение, но не заборавајте притоа да бидете совесни и внимателни и кон себе и кон другите.

Матурската забава нека ви остане во пријатен незаборав.

Вие сте нашата иднина, затоа, бидете добар пример за идните генерации.

Од мое лично име и од името на сите сограѓани, ви го честитам матурирањето и ви посакувам уште многу успеси.

Градоначалник,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари