Иако со задоцнување заради оддржување на претседателските избори во двата круга, сепак денес и официјално беа потпишани договорите за стипендирање на 25 студенти од општина Виница за кои претходно одлучуваше Комисија при Здружението „Свет Крст“.

„Денес потпишавме договор со 25 студенти, откако претходно утврдивме критериуми во рамките на Комисијата при Здружението “Свет Крст“ и врз основа на истите го направивме изборот на студентите. Сите членови во Комисијата имавме заеднички и апсолутно објективен и реален став околу изборот врз основа на претходно доставени документи од апликантите. Минатата година наши стипендисти беа 21, сега ја зголемивме бројката на 25, со тоа што општина Виница и дел од фирмите ќе го надополнат вкупниот Буџет. Овие 25 студенти ќе земаат по 2000 денари месечно, и сакам да упатам јавна благодарност до компаниите кои редовно ја подджуваат оваа заедничка иницијатива СБВ Ромеро; Мебел-ви; Макпрогрес; ЈП “Солидарност“; Партнер“, и се надевам дека како и претходната година, и оваа, иако задоцнивме со склучувањето на договорите, исплатата ќе ја овозможиме навреме“ изјави градоначалникот Димитров.

Стiпендиите се обезбедени за девет месеци, почнувајќи од први октомври заклучно со јуни, или вкупно 450 000 денари е планираниот Буџет за 2019 година.

Општина Виница

60455713_10158414962886729_300982417521377280_n

60542553_10158414962476729_5463781846049357824_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари