На денешната свеченост во чест на одбележувањето 70 години Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски им ги врачи наградите „26 Јули“ на најдобрите студенти во учебната 2018-2019 година.

Наградата од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите и припадна на Марија Петрова од Кочани, студент на Архитектонскиот факултет чиј просек изнесува  9.84.

Во своето обраќање пред наградените и останатите присутни Ректорот Никола Јанкуловски истакна дека со доделувањето на наградите им се укажува висока почит и чест на студентите кои како што истакна се нашата најголема гордост.

Наградата „26 Јули“ е од средства на Фондацијата „Франк Манинг“ а се доделува на редовни студенти од завршниот семестар од прв циклус на студии кои покажуваат особени резултати во студиите со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 и кои заклучно со Февруарската испитна сесија ги завршиле сите обврски предвидени со студентската програма без презапишување на предмети и кои во летниот семестар ги запишале сите предмети од Завршниот семестар.

Искрени честитки до Марија Петрова.

С. Ивановски

43

42

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари