Од Понеделник до Сабота (27 Мај – 01. Јуни) Кочани ќе биде домаќин на 60-тото издание од постоењето на фестивалот, односно 56-тото издание на ДАФ (Драмски аматерски фестивал).

Се започна во Битола, сега далечната 1959 година кога фестивалот ја имаше својата промоција за да годинава фестивалот доживее еден убав јубилеј, 60 години постоење.

Годинешното издание на фестивалот ќе започне во 18:30 часот со претставата „Човекот“ работена според Марсел Марсо а пантомима на Трајче Георгиев.

Во 19:20 на влезот на НУЦК „Бели мугри“ Македонски брас квартет – класична музика.

Свеченото отворање е закажано за во 20:00 часот по што следува театарската претстава „Вардарски Пастуви“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ од Скопје. Режисер на претставата е Синиша Ефтимов а улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски – Џаро, Валентин Костадиновски – Брзи, Жарко Димоски – Жица, Илија Илиоски – Касап, Столе Мицов – Лепи, Едмонд Сотир – Роки, Ердоан Максут – Шеф и Жаклина Петровска – Лина.

Во 22:45 во „Паркот на Револуцијата“ пред НУЦК „Бели мугри“ – DJ Александар Јорданов.

Билетите за претставата „Вардарски Пастув“ се пуштени во продажба и истите можат да се набават во Кафе станица „Кај Тасо“ и Комисион „Шишко“ во Кочани, односно Кафе бар „Гала“ во Виница, додека сите останати билети на благајната на НУЦК „Бели мугри“.

Влезницата за деца чини 30,00 денари а за возрасни 50,00 денари.

Влезницата за претставата „Вардарски Пастуви“ која е веднаш по церемонијата на свеченото отворање чини 200,00 денари.

Порталот секојдневно ќе ја доставува програмската шема за следниот ден во текот на деновите на одржувањето на фестивалот.

С. Ивановски

plakatpuco

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари