Крајна некултура и нецивилизирано однесува на поединец или на група невоспитани.

Денес дел од вработените во КЈП „Водовод“ мака мачеа како да го отстранат средството кое некој го фрлил во фонтаната во Градскиот Трговски Центар во Кочани.

И за ова ли треба да ги затвораме очите и да не го нотираме како уште еден лош гест на некои наши ако така можат да се наречат сограѓани.

Појавата со уништувањето со она што ни е заедничко и за кое сите имаме на некој начин донирано средства некој сака да го омаловажи, да го уништи.

Но, дел од објектите во ГТЦ што се свртени кон платото имаат надзорни камери и доволно е само релевантните структури во градот да ги погледнат и да го повикаат на разговор сторителот на овој нецивилизиран чин.

Се надеваме дека бргу ќе биде откриен.

С. Ивановски

43

44

42

45

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари