Реакциите кај децата и моментите на среќа и радост кои тие денес возбудено ги споделуваа меѓу себе беа највалидниот репер и потврда за успешната финализација на еден значаен проект за општина Виница, а посебно за младите генерации, отварањето на спортската сала во ОУ „Славчо Стојменски“.

Овој капитален објект со инвестиција од 25 милиони денари е изграден според сите неопходни стандарди за една училишна спортска сала и е комплетно уреден со реквизити, со вециња, соблекувални, и претставува прв ваков спортски објект кој што се изградил за потребите на училиштата во последната деценија. Спортската сала во ОУ „Славчо Стојменски“ од денес ги отвара вратите за спортски предизвици на 600 ученици кои учат во ова училиште, но е на располагање за тренинзи и училишни натпревари на сите ученици во градот.

Градоначалникот Ивица Димитров кој на почетокот на својот мандат ја вети изградбата на оваа сала, денес радоста ја сподели со сите присутни „Денес навистина се чувствувам посебно горд пред сите вас што успеав за година и пол од мојот мандат да реализирам уште едно ветување , а верувајте не е ниту лесно, ниту едноставно, проектите од хартија и куп документација да ги предадаеш на располагање на граѓаните, а еве денес ова сала ја даваме на користење на нашите ученици. Салата ја изградивме точно за година дена, и во услови кога спортувањето станува се позначаен фактор во одбраната на младите од модерната технологија, изградбата на спортските објекти нема да застане овде“.

Директорот на училиштето Горан Иванов искажа јавна благодарност до МОН и до Локалната Самоуправа за реализацијата на овој проект, а на официјалното отварање се обрати и заменик министерот за образование Петар Атанасов кој рече „Ако нешто е важно во образованието, тоа е инфраструктурата, се градат спортски сали, нови објекти, ако сакате законски да работите треба сите процедури да ги истерате. Од името на Владата,на премиерот Заев, на МОН, имам чест да ве поздравам и сите заеднички да се радуваме на новиот објект“.

На новите спортски терени денес се одиграа и првите спортски натпревари во мал фудбал и кошарка.

Општина  Виница

DSC_2942

DSC_2963

DSC_2953

DSC_2958

DSC_2959

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари