Членовите и симпатизерите на Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со низа свечености го прославија „25-ти Мај“ „Денот на младоста“ и „Роденденот на Маршалот Тито“.

Десеттото јубилејно издание на прославата на „25-ти Мај“ започна од базата „Плава Ружа“ во „Градскиот пазар“ од каде возилата накитени со слики од Маршалот и знамињата на Југославија и на Македонија најпрвин продефилираа низ повеќето улици во градот од каде продолжија во полските села за да се вратат на платото во Градскиот Трговски Центар за свечената церемонија.

DSCN3324

Пионери следени од членови од ЗГ „Јосип Броз Тито“ ја донесоа штафетата и му ја предадоа на Трајче Трендов – Претседателот на здружението кој им се обрати на присутните кои ги имаше во мошне голем број.

По интонирањето на химната на Југославија „Хеј Словени“ се разви партизанското оро а се пееја песни посветени на Маршалот Тито и на Југославија.

DSCN3348

По завршувањето на церемонијата се замина на излетничкото место „Кај дабот“ каде по заедничкиот ручек започна прославата на денот на кој некогаш сите Југословени беа мошне горди.

Радува податокот што од година во година расте бројот на приврзаници кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито.

DSCN3433

Ако во 2013 година кога за прв пат се одржа оваа манифестација на платото во Градскиот Трговски Центар присутните можеа да се набројат на прсти, денес и оние кои тогаш со потсмев гледаа на сето ова се придружија на прославата.

Посебен белег на денешната манифестација која стана веќе една убава традиција и дадоа гостите од Скопје, и од Република Србија и Република Словенија.

Убавина беше да се биде денес дел од присутните на прославата на „25-ти Мај“.

С. Ивановски

DSCN3345

DSCN3365

 

DSCN3466

DSCN3454

DSCN3342

DSCN3374

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари