Под мотото „Помогни му на паднатиот да застане, на сиромавиот и тој да има а на гладниот да јаде“  Општинската организација на ПДПР – Кочани чествувајќи го „Рамазан Мубарек“ организираше „Ифтарска вечера“.

Голем број на верници од муслиманската вероисповед како и голем број на гости присуствуваа на вечерата.

Истата започна со заоѓањето на сонцето, поточно со прекинувањето на дневниот пост. По кажаната молитва трпезата беше отворена за сите оние што беа на улицата „Стамен Манов“.

Организаторите на „Ифтарската вечера“ им направија голема чест на сите оние што ги поканија вечерва да бидат заедно, кои пак со своето присуство им возвратија на поканата со што искажаа голема  почит кон заедничкото живеење.

С. Ивановски

DSCN3571

DSCN3580

DSCN3576

DSCN3562

DSCN3560

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари