Во 25-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени, по доста топло и спарно време на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани истоимениот клуб го пречека „Атлетико“ од Битола.

Натпреварот беше од големо значење за двете екипи па отворената игра од обете страни допринесе малиот број на гледачи да проследат интересен и крајно неизвесен натпревар.

Домаќините одлично го започнаа натпреварот и имаа сигурно водство од 2:0, но во последните мигови од првото полувреме голманот Костова заработи црвен картон по што гостите со удар од белата точка успеаја на одмор да заминат со само еден гол негатива.

Кога на почетокот на второто полувреме се повреди Атанасова паника завладеа во редовите на „жетварките“. Гостите ја искористија бројчаната предност и создадоа неколку стопостотни прилики за гол кои за нивна несреќа завршуваа со одлични одбрани на резервниот голман на домаќините Апостолова.

Сепак во финишот на натпреварот битолчанки успеаја уште еднаш да ја затресат мрежата на домаќинките и со бод да си заминат од „градот на оризот“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари