Во последното коло од годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток во Кочани се одигра локалното дерби, „Осогово“ ја пречека екипата на „Слога 1934“ од Виница.

Пред празни трибини и двете екипи одиграа добар натпревар во кој недостасуваа головите.

Во првото полувреме и гостите а посебно домаќините имаа шанси да го отворат резултатот но посебно домаќините немаа среќа бидејќи на трипати ги погодуваа диреците од гостинскиот гол.

И во второто полувреме „жетварите“ напаѓаа а гостите доста добро се бранеа и се обидуваа од контра напади да сторат нешто повеќе.

Но сојузник на играчите овој пат не им беа временските прилики бидејќи натпреварот се играше по доста спарно и тешко време за игра.

По завршувањето на натпреварот Претседателот на Трета Фудбалска Лига – Исток Владо Андов на капитенот на „Осогово“ Андреј Коцевски му го предаде шампионскиот пехар.

Со освојувањето на првото место „Осогово“ се избори од следната година да се натпреварува во Втора Фудбалска Лига – Исток.

С. Ивановски

DSCN3931

DSCN3947

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари