Добрите утрински услови што беа во Општина Кочани допринесоа несметано да се реализира првото годинешно прскање против комарците.

Со акцијата беа опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани, а истата ја спроведоа стручни екипи на Друштво за авио услуги „Бониер“ ДООЕЛ од Куманово.

Авио третирањето против комарци се изврши со еколошкото средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци „Aurodil– Super PB“, одобрен од Бирото за лекови.

Како на сето ова ќе влијае попладневниот дожд што ја зафати општината времето ќе покаже.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари