Добри резултати постигнаа гимнастичарите на КГС „Кочани“ на првиот „Државен натпревар“  што се одржа во Битола.

Во „Б“ лигата за момчиња во категоријата „помлади пионери“ Филип Ивановски го освои првото место а екипно КГС „Кочани“ е второпласиран. Првото место го освои и Лука Цветков во категоријата „постари пионери“. Во категоријата „јуниори“ екипно гимнастичарите се закитија со златниот медал а додека во поединечна конкуренција Дамјан Горгиев беше втор, односно Филип Иванов трет.

Во „А“ лигата кај момчињата во категоријата „помлади пионери“ Лука Лазаров беше втор а додека Андреј Јованов стана трет во категоријата „постари пионери“.

Во категоријата „млади јуниори“ Антонио Јаношевиќ го освои златниот медал а во екипни конкуренција во истата категорија го освоија првото место.

Ристе Симеонов беше прв а Димитрој спасов втор во категоријата „јуниори“ додека кај „сениори“ Стојан Анастасов стигна до среброто.

Во „А“ лигата кај девојчињата во категоријата „сениорки“ јана Николова го освои второто место.

Трендот на добри резултати што беа остварени и оваа година, ја задржа кочанската гимнастика на мошне високо место во државата.

С. Ивановски

52

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари