Најавената програма за локален активизам „Младински локални иницијативи“ и иницијативата „Обединети во различностите“ а под мотото  „Плати кафе со уметност“ доста успешно беше реализирана во саботата.

Целта на овој настан како што истакна организаторот беше да ги спои младите од Кочани и да им овозможи прифаќање на различностите по било која основа.

Токму во таа насока младите од Кочани изработија цртежи на бетонските клупи спроти кафе-барот „Рокси“ во Трговскиот центар, а неколку доста талентирани мошне млади уметници направија прекрасни цртежи на самиот плочник.

Темата на цртежите кои се најдоа на клупите беше поврзана со антидискриминацијата и ненасилството, а на плочникот работеа на слободна тема.

Манифестацијата финансиски беше подржана и од Општина Кочани.

С. Ивановски

P3990804

P3990808

P3990853

 

P3990802

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари