Во организација на Федерацијата на училишен спорт, а со техничка организација на Џудо клубот „Ипон“ од Скопје, вчера во истоимениот град се одржаа завршните натпревари за учениците.

Меѓу учесниците имаше претставници и од Кочани, од ЏК „Гладијатор“ кои освоија осум медали, од кои еден златен, три сребрени и четири бронзени.

Златниот медал го освои Станислав Грпов, среброто го освоија Ева Димитрова, Стефанија Павлова и Дамјан Крстов, додека бронзата се најде на градите на Андреја Давитков, Андреја Минова, Бојан Панов и Петар Новков.

С. Ивановски

82

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари