Во Недела во Битола продолжија гимнастичките возбудувања, на програмата беа натпреварите од „Б“ лигата на Првиот „Државен турнир во гимнастика“.

КГС „Кочани“ настапи со 11 натпреварувачки кои освоија злато и сребро во поединечна конкуренција и злато и сребро во екипна конкуренција.

Во поединечна конкуренција во категоријата „помлади пионерки“ Иларија Цветкова го освои златниот медал а во истата категорија Матеа Илиева стигна до среброто.

Во екипна конкуренција во категоријата „помлади пионерки“ Кочанските гимнастичарки го освоија првото место а додека екипно „Јуниорска“ беа втори.

„Нема застанување, одиме понатака“ изјавија гимнастичарите на КГС „Кочани“ по успешно поминатите два натпреварувачки дена во „градот на конзулите“.

С. Ивановски

72

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари