Во петокот во Музејот во Општина Неготино Сојузот на Ротаракт Клубови одржаа сотанок на кој Стојан Рашков од Ротаракт Клуб „Кочани – Виница“ едногласно е избран за нов претставник на сите Ротаракт Клубови од државата во Е.Р.И.К – Европскиот Ротаракт Информационен Центар.

Е.Р.И.К како организација постои од 1988 година со цел на поврзување на сите Ротаракт Клубови.

Во истата членуваат 44 млади лидери од целата Европа по еден претстаник од секоја земја.

На истиот состанок за нов Претседател на Сојузот на Ротаракт Клубови е избран Гоце Стојаноски од Ротаракт Клуб Битола – Широк Сокак.

С.Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари