Со одигрувањето на натпреварите од 26-тото коло заврши годинешното првенство во Првата Фудбалска Лига за жени. Девојкината од „градот на оризот“ како ја почнаа сезоната така и ја завршија, со пораз, но сепак остануваат и во наредната година во најелитното натпреварување.

Очигледно беше дека подмладениот состав на „жетварките“ тешко ќе се носи со противниците. Неискуството си го стори своето, само седум победи, три нерешени и шеснаесет порази е конечниот биланс.

Експериментот првенството да се игра со 14 екипи се покажа како тотален кикс. Двоцифрени победи има премногу што јасно покажува дека разликата во квалитетот на екипите беше повеќе од голема. Но тоа е работа на оние кои се задолжени за фудбалот, проценките ќе треба тие да ги направат и да го дадат конечниот збор.

Резултати од 26-тото коло

„Тиверија“ – „Кочани“  3:0

„Тетово“ – „Каменица Саса“  4:0

„Атлетико“ – „Речица“  1:5

„Плачковица“ – „СЦ Истатов“  0:15

„Борец“ – „Љуботен“  0:0

„Ас Јунајтед“ – „Драгон“  0:3

„Прилеп“ – „Топ Гол“  0:4

С. Ивановски

41

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари