Основното музичко училиште во Кочани ја одбележа 92-годишнината од раѓањето на својот патрон и основач, Ристо Јуруков. Кочанското, како едно од најстарите музички училишта во државава, по тој повод приреди концерт на најуспешните ученици во генерацијата.

„Наставниот кадар и учениците во оваа образовна институција, во Јуруков гледаат водилка во образувањето и културното надградување. Тој во 1956 година почетно го екипирал наставниот кадар, обезбедил инструменти, ученици, а со неговото пошироко дејствување ги поставил темелите на музичката култура и уметност во Кочани. Ние сме благодарни што денес сме училиште-расадник на музички таленти“ вели Јованка Милојевиќ, директорка на Музичкото училиште.

На патроното празнување, за ученик на генерацијата беше прогласена Јована Крстовска, а награди за истакнати ученици добија Ана Јорданова и Михаил Митев.

Концертот заврши со настапот на виолина на ученикот Иван Милосов, кој неодамна свиреше со Националната филхармонија.

DSC_0023

DSC_0038

DSC_0027

DSC_0029

DSC_0021

DSC_0018

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари