Ракометарите на „Младинец“ од Кочани се враќаат задоволни по годинешниот „Фајнал Фор“ одржан во рамките на Мини лигата на Академија „Металург“ од Скопје.

Иако стигнаа само до едно финале сепак задоволството е голема од она што го прикажаа на самиот турнир.

Финалниот натпревар го обезбеди генерацијата 2004/2005 а додека во борбата за третото место, во доста возбудливи и неизвесни натпревари без медал останаа генерациите 2008 и помлади и 2006/2007.

Резултати:

Генерација 2008 и помлади – 1/2  финале:

„Младинец“ – „Бетон“  06:09 (01:06)

Во борбата за третото место иако на полувремето имаа водство од 08:04 сепак играчите на „Младинец“ загубија со 10:11 од екипата на „Крива Паланка“.

Генерација 2006/2007  – 1/2 финале:

„Ре Медика“ – „Младинец“  16:09 (11:05)

По доста возбудувања во борба за третото место „Младинец“ загуби од „Торо Спорт“ дури по изведувањето на седмерците 02:03, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 11:11 а кочанчани првото полувреме го добија 07:06.

Генерација 2004/2005 – 1/2  финале:

„Младинец“ – „Металург“  20:09 (11:05)

Во финалето генерацијата 2004/2005 загуби од поспремната и подобра екипа на „Тиквеш“ 08:12 (05:07).

За најдобар голман е прогласен Ненад Зафировски од екипата на „Младинец“ – Кочани.

Со самото учество на годинешниот „Фајнал Фор“ ракометарите на „Младинец“ освен со еден сребрен медал се побогати и со едно големо искуство кое и те како ќе им користи во следните натпреварувачки сезони.

Браво за момчињата од „Младинец“ и за целиот Стручен штаб.

С. Ивановски

42

44

46

43

45

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари