Пред две седмици Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) на спортските федерации како финансиска помош им додели ваучери а Државната агенција за спорт ги подели ваучерите по клубови.

Дваесет и шест фудбалски клубови во машка и женска конкуренција добија ваучери кои ќе можат да ги подигнат од просториите на ФФМ од 11 Јуни.

Меѓу оние клубови што добија ваучери е и ЖФК „Кочани“ која ќе смета на 380.880,00 денари. Зад кочанскиот прволигаш се само КМФ „Јувентус Серава“ и ЖФК „каменица Саса“.

Кај женските клубови најмногу доби ЖФК „СЦ Истатов“, а додека во машка конкуренција водечки е клубот од „Дебар маало“, Работнички.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари