Во организација на Фудбалска Академија „Младост Тошев“ од Оризари во Сабота и Недела (8 и 9 Јуни) на игралиштето покрај „Масалница“ ќе се одржи 4-тиот Детски Фудбалски турнир „Оризарски Куп 2019“.

До организаторот на турнирот своето учество го потврдиле екипи од Македонија, Србија и Бугарија а натпреварите ќе бидат за генерациите: 2006; 2007; 2008; 2009 и 2010 година.

Турнирот стартува со натпреварите закажани за Сабота во 09:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари