Регионалниот пат преку село Бигла се проширува за уште 2.100 метри, или поточно во текот на овој месец со проширен асфалт се очекува да биде покриен и делот од трасата што остана на потегот помеѓу селата Трсино и Трстија . Градоначалникот Димитров успеа да обезбеди уште дополнителни 16 милиони денари од ЈП за државни патишта, со цел комплетирање на овој проект од виничка страна.

„Во моментот се вршат земјените работи во должина од 2.100 метри помеѓу Трсино и Трстија. Како општина успеавме да излобираме уште 16 милиони денари од ЈП за државни патишта, а дел од средствата за овој пат ке покриеме и ние како општина. И овој дел како и останатите 6,5 км ќе бидат проширени од 3 на 5 метри, ќе има банкини од страната и со тоа ние од наша страна го заокружуваме она што го ветивме пред граѓаните . Од село Бигла до село Трстија остануваат уште 3,5 км, но тие се обврска на општина Делчево.“  истакна градоначалникот Ивица Димитров.
Минатата година во септември беа завршени 6,5 км од овој регионален пат, од манастирот “Св Спас“ до пропустот кај село Трстија, за што беа обезбедени средства во висина од 62 милиони денари.

Со овие 2.100 метри се очекува да бидат комплетирани вкупно 8.600 метри со асфалт од виничка страна.

Општина Виница

92

93

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари