Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патниот правец Штип – Кочани во близина на селото Уларци.

Повредените со возило на Итната медицинска помош се транспортирани во „Општа Болница“ во Кочани, од каде две се префрлени во „Клиничка Болница“ во Штип а едно лице е задржано. Сите се вон животна опасност.

Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила. Едното возило се движело во правец од Штип кон Кочани, додека останатите две возеле во обратен правец.

Додека полицијата и јавен обвинител вршат увид, сообраќајот е запрен во двете насоки и истиот се одвива преку алтернативните патишта.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари