Како дел од своите годишни активности, денес ТППЕ – Кочани спроведе тактичко-показна вежба во ООУ „Страшо Пинџур“ во село Чешиново – Општина „Чешиново-Облешево“.

Тема на вежбата беше „Евакуација на повредени ученици при пожар“.

Освен екипи од ТППЕ – Кочани во спасувањето учествуваа и екипи од „Дирекција за заштита и спасување“ (ДЗС), „Центар за управување со кризи“ (ЦУК), Општа Болница – Кочани, Црвен Крст, и Полициска станица – Кочани.

Евакуацијата на учениците и наставничкиот кадар беше под надзор и на директорот на училиштето а тактичко показната вежба беше изведена беспрекорно.

С. Ивановски

7273

74

75

71

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари