Како што дознаваме денес во реката во непосредна близина селото Речани било пронајдено мртво тело во распаѓање.

Најпрвин била информирана Полициската станица во Кочани а попладнето е повикана и екипа од ТППЕ – Кочани која го извадила телото и истото со погребната кола е донесено во Кочани.

Допрва ќе се испитува чии е телото, но според претпоставките по се изгледа се работи за жена на возраст околу 60 години која пред повеќе од месец дена била пријавена дека исчезнала од Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари