Современи автоматизирани легла со современи ергономски карактеристики и со електричен механизам за прилагодување на положбата на пациентите денес Ротари Клуб „Кочани-Виница“ донираше за Општа болница во Кочани и Здравствениот дом во Виница.

Педесетте кревети веќе се распоредени во Хируршкото одделение и одделот за интензивна нега во Општа болница – Кочани и во Здравствениот дом во Виница.

Вкупната вредност на донацијата е околу 6,5 милиони денари а истата е обезбедена во соработка на лице од Виница што живее и работи во Германија. Ротари Клуб „Кочани-Виница“ како што истакна претседателот на здружението Јован Попов ги има покриено сите трошоци во кои влегуваат и транспортните како и трошоците за монтажа на креветите. Потребните документи и сертификатите од министерствата и државните институции ги има обезбедено „Црвен крст“ – Виница.

Кон донацијата на Ротари Клуб „Кочани-Виница“ се придружи и нивниот „подмладок“ – Ротаракт Клуб „Кочани-Виница“ коЈ донираше нови комплети на постелнина за Општа болница – Кочани.

С. Ивановски

DSCN4091

DSCN4105

DSCN4111

DSCN4088

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари