Седма година по ред најдобрите ученици од шесте основни и двете средни училишта од Кочани како награда добија бесплатно летување на островот Паг (Хрватска).

Летувањето е во периодот од 03 до 10 Август а сите трошоци како реципроцитет ги покрива збратимениот град на Кочани од Република Хрватска, Крижевци.

По тој повод денес во салата на Советот на Општина Кочани Градоначалникот Николчо Илијев организираше свечен прием на кој им беа врачени ваучери во вредност од по 6.000,00 денари.

Инаку претставниците на збратимените градови Кочани и Крижевци пред седум години се договорија првенците на генерацијата од Кочани да летуваат на островот Паг на Хрватското приморје, а првенците на генерацијата од Крижевци да зимуваат на Пониква.

Заедно со осумте ученика за Паг ќе замине и еден ментор како и претставник од општина Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари