Градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев денес во салата на Советот на Општина Кочани приреди прием и им врачи награди и признанија на најдобрите ученици од основните и средните училишта во изминатата учебна 2018-2019 година како и на Првенците на генерацијата.

Награди признанија им беа врачени на:

– Учениците Иван Данилов, Никола Андов и Фидан Стоименов од СОУ „Гошо Викентиев“ за освоено прво место за „Најдобра училишна компанија“ со што обезбедија учество на натпреварот во Лил (Франција);

– Училишниот хор и оркестар од ОУ „Никола Карев“ под менторство на Кирчо Крстев за освоено прво место на Државен натпревар на хорови и оркестри;

– Женската училишна екипа од ОУ „Никола Карев“ под менторство на Оливер Јовановски и Александар Андов за освоено прво место на Државното првенство во фудбал;

– Машката училишна екипа од „Св. Кирил и Методиј“ и нивниот ментор Јордан Анастасов за освоено прво место на Државното првенство во фудбал;

– За учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои освоија прва награда: Мери Манасиева (солфеж), Макарија Иванова (пијано), Јована Крстовска (теорија на музика), Викторија Петрова (теорија на музика), Луна Милосов (теорија на музика), Данче Ајтовска (теорија на музика) и Никола Илиев (пијано);

– За ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои освоија прво место: Иван Милосов (виолина), Јован Филипов (теорија на музика), Ана Јорданова (теорија на музика), Теона Манасиева (теорија на музика), Ана Тансковиќ (солфеж) и Михаил Митев (солфеж);

– Мартин Алексов (СОУ „Гошо Викентиев“) – прва награда на Државен натпревар за профилот автомеханичар;

– Андреј Димитров (СОУ „Гошо Викентиев“) – прво место и награда „Лидер на струка“ за профилот електротехничар, енергетичар;

– Андреа Димитрова (ОУ „Никола Карев“) – прва награда на Државен натпревар по природни науки;

– Ивана Петрова (ОУ „Никола Карев“) – прва награда на државен натпревар по германски јазик;

– Мартина Пулковска (ОУ „Никола Карев“) – прво место на Државен натпревар по македонски јазик;

– Надалина Грозданова (ОУ „Св. Кирил и Методиј) – прва награда на Државна изложба на детски ликовни творби;

– Драгана Нисева (ОУ „Св. Кирил и Методиј) – прва награда на  Државна изложба на детски ликовни творби;

– Првенци на генерацијата: Андреј Давитков (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Антонија Митрева (ОУ „Малина Попиванова“), Филип Ефтимов (ОУ „Раде Кратовче“), Мартина Пулковска (ОУ „Никола Карев“), Михаил Митев (ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари),  Јована Крстовска (ОМУ „Ристо Јуруков“), Сашка Јованчевска (СОУ „Љупчо Сантов“) и Иван Данилов (СОУ „Гошо Викентиев“).

С. Ивановски

DSCN4022

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари