Женската сениорска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за пријателскиот двомеч против соодветната селекција на Албанија.

Селекторот Кирил Изов повика 21 девојка на подготовките во Охрид но и овој пат некако го заобиколи ЖФК „Кочани“.

Приказните дека некои играчи не го прифатиле повикот а други биле повредени не држат вода бидејќи во екипата во ова првенство некои девојчиња и го заслужија позивот, ако не да играат барем да бидат дел од собирот.

Би го потсетил Изов дека во минатите циклуси на подготовките со репрезентацијата повикуваше и 5-6 млади неискусни играчи од неговата екипа а оправдувањето беше дека треба да ја осетат атмосферата, што сега не го испочитува истото кога е во прашање екипата на ЖФК „Кочани“.

Малку е чудно, но е реално. Координаторот на женскиот фудбал доаѓа од Кочани, двајца тренери од ЖФК „Кочани“ се дел од селекциите на Македонија, па дали со неповикувањето на ниту едно девојче од ЖФК „Кочани“ селекторот ја омаловажува работата на двајцата тренери и залагањето на координаторот или е нешто трето во прашање.

Селекторот Изов дали овој пат погреши или не ќе покаже времето или истот тој  сега е во „облаци“ откако во репрезентацијата се вратија Наташа Андонова и Гентијана Рочи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари