По одржаните презентации за промоција на извидништвото во кочанските основни училишта, ИО „Ластовица“ од Кочани се вклучи во посериозни активности во организација на СИМ (Сојуз на Извидници на Македонија).

Станува збор за тренинг обука за брендинг и комуникација – 2019. Обуката беше спроведена во Извидничкиот центар во Охрид во периодот од 14 до 16 јуни 2019 година, со главна цел за подобра промоција на организацијата и одредите, односи со јавност, но и комуникација со институциите и вклучување во процесите на носење одлуки на локално ниво.

На тренингот учествуваа 26 извидници од повеќе извиднички одреди од државата, а кочанскиот одред го претставуваа 4 извидници од категоријата ровери и еден старешина.

Тренингот подржан од експерти во областа на комуникацијата ќе им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за имплементирање на општинските иницијативи и воспоставување дијалог со локалните општини и како да го промовираат својот одред и извидништвото на социјалните мрежи и медиумите.

На тренингот беше креирана и пилот стратегија за комуникација и односи со јавноста на СИМ и ИЦО во наредните години и да се состави тим кој ќе работи на оваа проблематика.

По тренингот, тимовите ќе работат во насока на поттикнувањ на младинското и извидничко изразување преку креирање на идеи кои ќе бидат имплементирани како кампањи во сопствените општини. Со овие кампањи извидниците ќе ја зголемат својата видливост на локално и национално ниво, со што би го подобриле имиџот на извидништвото. Тренингот и активностите од овој проект се во насока на Стратегијата 2020 од стратешката област Имиџ и односи со јавност и одредите.

Истото ќе се постигне преку изработка на нова стратегија за комуникација и именување на ПР лице, план за изработка на промотивни видеа, организирање на локални иницијативи за видливост, промоции, отворени денови и т.н.

43

44

45

42

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари