Се асфалтира регионалниот пат Виница – Лески – Зрновци, и до завршување на градежните активности, сообраќајот на овој патен правец ќе се пренасочува преку околните населени места.
Со проширување од 4 на 4,25 метри и со нов слој асфалт, главната и најфреквентната сообраќајница, регионалниот пат Виница-Зрновци, Виница-Лески , од денес во ново „руво“
„Со проширување и асфалтирање на 1.850 метри од регионалниот пат Виница-Зрновци, или поточно од мостот на Градечка река, па се до раскрсницата меѓу Виница, Лески и Зрновци,општина Виница денес реализира еден крупен инвестициски зафат од 10 милиони денари. Остваруваме едно големо ветување пред жителите на село Лески, кои со децении го чекаат овој асфалт, но и значително олеснување за жителите на Зрновци, кои редовно сообраќаат на таа релација. Средствата за овој проект ги обезбедивме од Јавното претпријатие за улици и патишта, но за Лески имаме уште приоритети. Планирано е асфалтирање на уште една поголема улица во с.Лески, канализација на две улици, а како највреден проект за кој си презедовме обврска да го реализираме е приклучување на Лески со градскиот водовод, инвестиција од 200.000 евра, а средствата ќе бидат обезбедени од Министерство за транспорт и врски и општина Виница“ рече градоначалникот Ивица Димитров.
„За 600 активни жители од ова населено место, реконструкцијата е ветување кое го чекаат со децении“ – изјави жители на с.Лески
До завршување на градежните активности од страна на изведувачот „Македонија пат“, сообраќајот на овој патен правец ќе се пренасочува преку соседните населени места.
Општина Виница
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.