Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(19) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 05.03.2019 година во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над двајца малолетници, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.