Уште една успешна  крводарителска акција во организација на ПС Кочани а во соработка со Трансфузиологија од Штип беше реализирана во просториите на полициската станица. Полициските службеници уште еднаш ја покажаа својата хуманоста така што на акцијата беа дарувани околу 35 единици крв.

„И оваа како и претходната акција е успешно спроведена. Нашите полициски службеници навистина ја покажаа својата хуманост и дојдоа да даруваат крв. Дарувани се 35 единици а морам да кажам дека претходната акција беа дарувани повеќе од 40 крвни единици, што значи дека се зголемува бројката на хумани полициски службеници“  рече Санде Спиров, полициски службеник во ПС Кочани

До крајот на годината е планирано во просторите на полициската станица Кочани да биде спроведена уште една крводарителска акција која што според планот и програмата ќе биде реализирана во месец ноември, а можно е спроведување и на уште една вонредна акција за дарување крв од страна на полициските службеници.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари