Со донесување на ДУП за Блок 18 Дел 4 ќе започне изградбата на затворениот Градски пазар и реконструкција на објектот – старо кино во Виница.

Постапката е започната, а денес се оддржа и Јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 18 Дел 4 , Детално образложение на планот денес имаше Ана Поповска, архитект урбанист од „Простор“ – Куманово, а кои се предностите од донесувањето на планот даде и градоначалникот Ивица Димитров.

На јавната презентација имаше претставници од Водостопанство, ЕВН, од ЈКП „Солидарност“ кои не дадоа никакви забелешки, така да како што истакна Поповска, се е предвидено согласно Законот и Правилникот за просторно и урбанистичко планирање, и ДУП за Блок 18 дел 4, би требало да биде завршено до крајот на оваа година.

Општина Виница

64743935_486255938777697_6494916516436246528_n

64593871_486255812111043_4406713647733145600_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари