Дека на „лагата и си кратки нозете“ се потврдува деновиве, откако оние кои со години си седат на истите столчиња и на сметка на фудбалските клубови си го пополнуваат семејниот буџет се растрчаа на сите страни во источниот регион се со цел да се изнајдат доволен број на екипи кои ќе го започнат годинешното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток. Моментно се  стигнати  до  Карбинци.

А се започна кон крајот на месец март оваа година кога секретарот на ФФМ Филип Поповски ги седна на маса 2-3 екипи од регион и ги убеди да го повлечат својот претходен став што го донесоа на заедничкиот состанок од 8-ми Март во хотел „Центробизнис“ (Виница) кога сите клубови освен ГФК „Осогово“ (не присуствуваше на состанокот) изразија недоверба во раководството на лигата и најавија бојкот на првенството.

Тогаш секретарот на ФФМ Филип Поповски гледајќи дека „ѓаволот ја однел шегата“ само за да го продолжат првенството им ветил на клубовите дека:

1. Раководните луѓе во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе бидат разрешени од функциите и дека натпреварувањето до крајот на првенството ќе се води од ФФМ,

2. Дека делегирањето на службените лица ќе го води лице од федерацијата,

3. Дека долговите кон службените лица кои не се исплатени од првиот дел на првенството доколку во Трета Лига – исток нема да има средства, долговите ќе ги исплати ФФМ,

4. Дека долговите кон клубовите од претходните години ќе бидат регулирани,

5. Дека клубовите обврските за натпреварите ќе ги плаќаат пред секој натпревар.

Сега по речиси три месеци може да се донесе заклучок дека секретарот се покажа како голем дриблер, на мал простор ги издрибла претставниците на екипите кои беа најголемите поборници (Слога 1934, Овче Поле, Рудар) да не започне првенството.

Зошто Филип Поповски се покажа како добар дриблер, па едноставно од сето она што го вети речиси ни половина не се оствари.

1. Не беа разрешени раководните луѓе од Трета Лига – Исток (постојат докази и видео снимки),

2. Долговите кон некои службени лица од првиот дел на првенството не се регулираа (веќе некои се охрабрија и покренаа судска постапка),

3. Враќањето на неискористените средства на клубовите остана една обична фарса.

Е затоа сега оние кои со години си го збогатуваат домашниот буџет на сметка на кротките клубови од истокот сега се растрчани на сите страни во источниот регион и бараат нови жртви за да и понатака владеат со фудбалот на истокот.

А се „додека има мисирки, ќе има и подварок“.

С. Ивановски

101

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари