Што уште треба да се напише или уште каква треба фотографија да се објави за непристојното однесување на поединци кои и покрај написите никако не можат да бидат фатени и изведен пред правдата на законот.

Уништувањето на заедничките добра поради лошото домашно воспитување станаа секојдневие на Кочани.

Исфрлен шут онаму каде што најмалку треба да биде, скршени млади дрвца, фрлени корпи за отпадоци во коритото на реката, превртени контејнери полни со смет, сето тоа е секојдневие кои очигледно им смета само на оние кои си го сакаат градот но не и на дел кои живеат во него.

Деновиве беа поставени фотографии од млади скршени дрвца, а денес ни беа доставени и фотографии од коритото на реката.

Кој погрден збор и да се употреби против оние што вандалски се однесуваат нема да се погреши но ќе им го оставиме тоа на граѓаните на Кочани, но на вистинските граѓани.

С. Ивановски

4243

4445

4647

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари