Денес попладнето околу 18:00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во кое едно лице го загуби животот.

Несреќата се случила веднаш по обиколницата на Магистралниот пат Штип – Делчево.

Во несреќата учествувало товарно возило „цистерна“ со 20 тони гас  која се движела во правец кон Штип и патничко возило „Поло“ кое се движело кон Делчево.

По сообраќајката и двете возила излетале од патот а возачот на Полото починал на самото место на несреќата.

Дознаваме дека специјална екипа го блокирало истекувањето на гасот од цистерната па во утрешниот ден пред да биде истата подигната гасот ќе биде префрлен во други возила.

Се очекува извештај по извршувањето на увид во сообраќајката.

С. Ивановски

6

3

1 - Copy

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари