Во петокот по завршувањето на проектот  „Доживотна Математика“ финансиран од програмата „Еразмус +“ заседаваше Наставничкиот Совет при СОУ „Љупчо Сантов“ по кој се одржа една мала но мошне значајна свеченост, беше прогласен „Ученикот на генерацијата“.

Годинава признанието „Ученик на генерацијата“ сосема заслужено и беше врачено на Сашка Јованчевска.

Наградите и ги врачија Класниот раководител Благица Андова Николова, Претседателот на Училишниот Одбор Даница Димитрова а почесното признание и го врачи Игор Христов – Директор при СОУ „Љупчо Сантов“.

Ова средно училиште втора година по ред врши свечено прогласување на „Ученик на генерацијата“.

С. Ивановски

64597624_876417419379031_8888454876569272320_n

65141349_458989701501568_1707367104954499072_n

65106631_415835475810817_7839005516444467200_n

64818598_2887803141294898_818106001902272512_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари