Ако во првиот ден од годинешниот „Петровденски фудбалски турнир“ беа постигнати две високи победи и еден натпревар заврши без победник, вечерва гледачите кои ги имаш во голем број присуствуваа на неизвесни и мошне интересни натпревари.

Откако екипата на „Деликатес“ по првото полувреме имаше сигурно водство од 4:0, во продолжението полетните играчи на „Пјаца“ на задоволство на гледачите постигнаа два гола и за момент внесоа мала неизвесност, но искусните „текстилци“ не дозволија повторно да им се затресе мрежата, постигнаа уште еден погодок и дојдоа до победа.

Другите два натпревари беа доста интересни и до самиот крај неизвесни.

„Гушков“ поведе со 1:0 но играчите од „Ливада“ го израмнија резултатот за да потоа дозволат играчите на „Гушков“ да постигнат нов погодок. До крајот се водеше борба за секоја топка, играчите на „Ливада“ фрлија се на една карта, но немаа сили во завршницата па на крајот останаа со празни раце.

Играчите од „Балкан Лукс“ имаа сигурно водство од 2:0, но дозволија младите играчи на „Интертекс“ да постигнат еден погодок и да го одведат натпреварот во голема неизвесност. Сепак на крајот  „гурманите“  се тие што и се израдува на победата.

Резултати од вториот ден:

„Деликатес“ – „Пјаца“  5:2

„Ливада“ – „Гушков“  1:2

„Балкан Лукс“ – „Интертекс“  2:1

Натпреварите продолжуваат во среда во истите термини.

С. Ивановски

DSCN4213

DSCN4219

DSCN4253

DSCN4251

DSCN4258

DSCN4256

DSCN4215

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари