И третиот ден од „Петровденскиот фудбалски турнир“ донесе интересни и неизвесни натпревари.

Во првиот натпревар и немаше некои возбудувања бидејќи играчите на „Кофи Хаус“ постигнаа во серија три погодоци и обезбедија солидна предност. Но искра надеж за екипата на „Пикадели“ се појави откако со два гола ја намалија предноста, но немаа сили да продолжат со истото темпо па дозволија нивните противници уште трипати да им ја затресат мрежата.

Средбата помеѓу „Шери Казино“ и „Фабијан“ донесе многу возбудувања и неизвесна завршница.  „Kоцкарите“ го отворија резултатот но во самиот финиш на средбата дозволија да примат гол и да се замине на одмор со 1:1. Второто полувреме изобилуваше со нови пресврти и шанси за голови на обете страни. „Фабијан“ поведе но сепак натпреварот заврши без победник.

Најмногу голови донесе последниот натпревар. Гледачите видоа интересен и неизвесен натпревар и ревија на голови. На крајот се радуваа играчите од „Сити Кафе“.

Резултати од третиот ден:

„Кофи Хаус“ – „Пикадили“  6:2

„Шери Казино“ – „Фабијан“  2:2

„Сити Кафе“ – „Кај Мицката“  5:4

Утре е пауза на турнирот.

С. Ивановски

DSCN4265

DSCN4260

DSCN4298

DSCN4296

DSCN4301

DSCN4262

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари