По двете прскања против комарци во оваа година (авионско и од земја) голем број од населението го крена својот глас бидејќи како што истакнуваа комарците наместо да бидат уништени тие стануваат се поагресивни.

Инаку првото прскање против комарци од воздух беше извршено на 13 Јуни 2013 година, а од тогаш па наваму во континуитет секоја година се врши прскање и од воздух и од земја, но резултати речиси и да нема.

Ако се вратиме децении наназад прскањето против комарците даваше резултати но се чини дека тогаш се прскаше со доста поефикасни средства од денешните.

Сега населението упатува апел до надлежните институции во државата да почнат да прскаат со поефикасни средства.

Дали ќе допре нивниот глас до надлежните времето ќе покажа, вака како што сега стојат работите нивните пари се фрлаат во „ветер“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари